НА 105 ГОДИНИ УМРЕ НОВИНАРКАТА КОЈА ПРВА ЈАВИ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

a:1:{s:9:"td_source";s:35:"ХонгКонг,(Би-Би-Си)

    НА 105 ГОДИНИ УМРЕ НОВИНАРКАТА КОЈА ПРВА ЈАВИ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    Клер Холингворт, британската новинарка која прва јави за почетокот на Втората светска војна, почина денеска во Хонг Конг на 105 години. Холингворт, која беше родена во Лестер во 1911 година, прва јави за германската инвазија на Полска во 1939 година. Таа потоа известуваше од војните во Виетнам, Алжир и Блискиот исток.

    Холингворт беше новинар почетник во „Дејли Телеграф“, кога налета на „веста на векот“. Таа ги забележа насобраните германски трупи на границата со Полска додека патуваше од Полска во Германија.

    Британската новинарка ги помина последните четири децении во Хонг Конг, каде и го прослави 105. роденден минатиот октомври.

    Британската новинарка ги помина последните четири децении во Хонг Конг, каде и го прослави 105. роденден минатиот октомври.

    „1.000 тенкови насобрани на полската граница. Десет дивизии се подготвени за брз напад“, гласеше насловот на „Дејли Телеграф“. Три дена подоцна, таа јави за почетокот на нацистичката инвазија.

    Пред да стане новинар, таа помогна на илјадници луѓе да избегаат од силите на Хитлер, помагајќи им да добијат британски визи. Марго Станјер, една од оние на кои им помогна, се присети на неа како „голема дама која беше на вистинското место во вистинско време“.

    Холингворт за малку ја избегна смртта во 1946 година, кога во експлозија на бомба беше уништен хотелот „Кралот Давид“ во Ерусалем. Речиси 100 луѓе загинаа во експлозијата, а таа беше на само 300 метри од хотелот.

    Новинарката, која се мажеше двапати, ги помина последните четири децении во Хонг Конг, каде се повлече по работата во Пекинг во 1970-те. Беше редовна во Клубот на странските дописници во Хонг Конг, каде и го послави 105. роденден минатиот октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира