НА ЕРМЕНИЈА Ѝ ТРЕБА МИР, КАЖА ПРЕМИЕРОТ ПАШИЊАН ОТКАКО АЗЕРБЕЈЏАН ПО 35 ГОДИНИ ГО ПОВРАТИ НАГОРНО-КАРАБАХ

    НА ЕРМЕНИЈА Ѝ ТРЕБА МИР, КАЖА ПРЕМИЕРОТ ПАШИЊАН ОТКАКО АЗЕРБЕЈЏАН ПО 35 ГОДИНИ ГО ПОВРАТИ НАГОРНО-КАРАБАХДенеска се одржа првата рунда разговори помеѓу претставници на Азербејџан и етничките Ерменци од Карабах (Фото: АП)

    На етничките Ерменци во Нагорно-Карабах им требаат безбедносни гаранции пред да го предадат своето оружје, изјави советник на нивниот лидер Самвел Шахрамањан ден откако Азербејџан прогласи дека по цели 35 години го ставил одметнатиот регион под своја контрола. Властите во Карабах го обвинија Азербејџан за кршење на примирјето откако по неговата брза офанзива локалните сепаратисти се согласија да се разоружаат. Баку ги отфрли обвинувањата како целосно лажни.

    Имаме договор за прекин на воената акција, но го чекаме конечниот договор. Разговорите продолжуваат. Треба да разговараме за уште многу прашања и проблеми“, кажа Давид Бабајан, советник на ерменскиот лидер на Нагорно-Карабах, Самвел Шахрамањан.

    Карабах е меѓународно признат како дел на Азербејџан, но од војната за отцепување во почетокот на 1990-ите уживаше фактичка независност. Враќањето на Карабах под контрола на Азербејџан беше сон на претседателот Илхам Алиев, кој вети дека тамошните Ерменци ќе добијат целосни образовни, културни и верски права.

    По краткотрајната воена операција, ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека на Ерменија не ѝ требаат конфликти заради нејзината независност. Падот на Карабах доведе до протести во Еревен, каде што Пашињан беше обвинет за предавство и се бараше негова оставка.

    Денес живееме во тешки времиња, во кои страдаме и психички и психолошки. Ерменија имаше големи придобивки од демократијата и владеењето на правото, но ѝ треба мир. Мирот е тој кој обезбедува безбедносни гаранции, независност и суверенитет“, изјави Пашињан во ТВ-обраќање.

    Алиев ја пофали Ерменија што не се обиде да интервенира во последната воена акција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира