Најмалку 137 лица загинаа, а стотици се повредени во експлозиите во цркви и хотели во Шри Ланка, соопштија официјални претставници од полицијата и болниците.
Пријавени се најмалку шест експлозии. Три цркви во Негомбо, Батикалоа и Кочикаде, област во Коломбо беа цел за време на религиската служба за Велигден.
Погодени се и три хотели во Коломбо.