НАД 700 ЗАТРУЕНИ НА БОЖИЌНА ЗАБАВА НА „ЕРБАС“

    НАД 700 ЗАТРУЕНИ НА БОЖИЌНА ЗАБАВА НА „ЕРБАС“Вработените во компанијата за производство на авиони од западна Франција повраќале и имале дијареја по вечерата. (Фото: илустрација)

    На повеќе од 700 вработени во „Ербас Атлантик“ им се слоши по божиќната забава на компанијата, соопштија француските здравствени власти.

    Вработените во погонот на компанијата за производство на авиони во западна Франција повраќале и имале дијареја по вечерата. Засега е нејасно што имало на менито за божиќната забава.

    „Ербас Атлантик“ е подружница на „Ербас“, и има 15.000 вработени во 5 земји. Вкупно, во „Ербас“ работат 134.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира