Повеќе од 90 луѓе загинаа откако потонал траект покрај северниот брег на Мозамбик. Властите на провинцијата Нампула кажаа дека се спасени петмина луѓе од околу 130 колку што се верува дека биле на пренаменетиот рибарски брод.
„Многумина од патниците бегале од епидемијата на колера, за која се шират бројни дезинформации. Бидејќи бродот бил преполн и несоодветен за превоз на патници, тој потонал. Досега е потврдено дека загинале 94 луѓе. Лошите услови на морето го отежнуваат спасувањето“, изјави државниот секретар на Нампула, Жаиме Нето.
Бродот се движел кон островот Мозамбик, според кој државата го добила името.
Мозамбик е една од најсиромашните земји на светот и сега е погоден од најтешката епидемија на колера во последните 25 години. Од октомври 2023, регистрирани се 13.700 случаи на зараза, од кои една третина во Нампула и 32 починати.