НАФТОВОДОТ СО КОЈ УНГАРИЈА ДОБИВА РУСКА НАФТА ЌЕ БИДЕ ПОПРАВЕН ПРОЛЕТВА, ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА БИЛЕ ПРИНУДЕНИ ОД ЕУ

    НАФТОВОДОТ СО КОЈ УНГАРИЈА ДОБИВА РУСКА НАФТА ЌЕ БИДЕ ПОПРАВЕН ПРОЛЕТВА, ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА БИЛЕ ПРИНУДЕНИ ОД ЕУ„Дружба“ беше оштетен во руски напад со дронови во западна Украина кон крајот на јануари (Фото: АФП)

    Нафтоводот „Дружба“ се поправа и се очекува да биде готов оваа пролет, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека одговорноста за самото снабдување ќе биде на Европејците.

    Ќе ги завршиме поправките бидејќи тоа е договорот. Јас ѝ кажав на ЕУ дека ќе завршиме оваа пролет“, рече тој.

    „Дружба“, кој испорачува руска нафта до Унгарија и Словачка преку украинска територија, беше оштетен во руски напад со дронови во западна Украина кон крајот на јануари, соопшти Киев. Унгарскиот премиер Виктор Орбан постојано тврдеше дека гасоводот е оперативен и дека Зеленски го држи затворен од политички причини за да влијае врз претстојните унгарски избори. Унгарија притоа го блокираше европскиот заем од 90 милијарди евра за Украина како одмазда.

    Зеленски рече дека ако прашањето за транзитот на нафта остане поврзано со финансирањето за Киев, Украина ќе се согласи да го обнови нафтоводот „Дружба“. Тој кажа дека многу поправки веќе се извршени, но резервоарите за складирање уништени во нападот не можат брзо да се поправат, особено поради постојаните руски напади.

    Зеленски претходно призна дека е принуден да го поправи контроверзниот нафтовод, сугерирајќи дека Европската Унија треба целосно да ги спроведе своите санкции врз Москва, и покрај притисокот од Унгарија.

    „Принуден сум да го рестартирам Дружба‘. По што се разликува тоа од укинувањето на санкциите за Русија? Дали продаваме руска нафта или не?“, кажа Зеленски во март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира