НАЈМАЛКУ 74 ЗАГИНАТИ ВО НАЈСМРТОНОСНИОТ АМЕРИКАНСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ ЈЕМЕНСКИТЕ ХУТИ

    НАЈМАЛКУ 74 ЗАГИНАТИ ВО НАЈСМРТОНОСНИОТ АМЕРИКАНСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ ЈЕМЕНСКИТЕ ХУТИХутите кажаа дека во нападот загинале и бројни цивили и спасувачи (Фото: АП)

    Најмалку 74 луѓе загинаа, а над 170 се ранети во денешните американски воздушни напади врз нафтено пристаниште во Јемен кое е под контрола на хутските бунтовници, објави групата. Ова е најсмртоносниот американски напад откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа.

    Американската кампања против хутите започна на 15 март и тешко можат да се проценат нејзините ефекти зашто Пентагон досега нема објавено никакви информации ни за целите, ни за жртвите. Хутите, пак, строго го контролираат пристапот до нападнатите области и не објавуваат информации за штетите.

    Американските сили презедоа акција за елиминирање на овој извор на гориво за хутските терористи, лишувајќи ги од илегални приходи со кои ги финансираат своите напори за тероризирање на целиот регион во изминатите десетина години. Нападот немаше за цел да му наштети на народот на Јемен“, објави Централната команда на американската војска.

    Видеоснимки од нападот врз пристаништето Рас Иса покажуваат големи експлозии и тела наоколу. Хутите кажаа дека во нападот загинале и бројни цивили и спасувачи.

    САД ветија дека ќе продолжат да ги напаѓаат јеменските хути сѐ додека тие не престанат со нападите врз бродовите во Црвеното Море.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира