НАЈМАЛКУ ЧЕТВОРИЦА СКИЈАЧИ ЗАГИНАА ОД ЛАВИНА ВО ФРАНЦУСКИТЕ АЛПИ

a:1:{s:9:"td_source";s:17:"Париз(АП)

    НАЈМАЛКУ ЧЕТВОРИЦА СКИЈАЧИ ЗАГИНАА ОД ЛАВИНА ВО ФРАНЦУСКИТЕ АЛПИ

    Најмалку четворица скијачи загинаа, а петмина се се уште затрупани под снег откако врз нив се струполила лавина во скијачкиот центар Тиње во француските Алпи, изјавија претставници на спасувачките екипи.

    Спасувачките единици од Албервил изјавија дека деветмината скијачи скијале надвор од одбележаните скијачки патеки во близина на Тиње кога врз нив се урнала лавина. Несреќата се случила во област што е популарна кај скијачите поради долгите и широки патеки и неверојатната глетка, но не е соопштена националноста на настраданите.

    Еден од спасувачите кој не сакал да биде именуван за АП изјави дека останатите пет скијачи се спасуваат со лопати бидејќи областа е тешко достапна за механизација. Тој не знае дали тие се уште живи.

    Еден хеликоптер и околу 40 луѓе се вклучени во спасувачката акција, меѓу кои има и скијачки инструктори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира