НЕКОЛКУ ЛУЃЕ СЕ РАЗБОЛЕЛЕ ОТКАКО СОМНИТЕЛЕН ПАКЕТ БИЛ ОТВОРЕН ВО БАЗАТА НА АВИОНОТ НА ТРАМП

    НЕКОЛКУ ЛУЃЕ СЕ РАЗБОЛЕЛЕ ОТКАКО СОМНИТЕЛЕН ПАКЕТ БИЛ ОТВОРЕН ВО БАЗАТА НА АВИОНОТ НА ТРАМППортпаролот на базата „Ендрјус“ кажа дека зградата во која бил отворен пакетот била евакуирана (Фото: Гети)

    Неколку луѓе се разболеле откако отвориле сомнителен пакет доставен во базата на Ер форс уан во Мериленд, која што е дом на авионот на претседателот на САД.

    Портпаролот на базата „Ендрјус“ кажа дека зградата во која бил отворен пакетот била евакуирана, а оние кои се разболеле сега се во стабилна состојба. Си-Ен-Ен објави дека пакетот содржел неидентификуван бел прав.

    Оваа база е дом на претседателскиот авион и на неговото придружно летало и претседателот најчесто оттука оди на патувања.

    „Итните служби кои беа испратени на местото на настанот утврдија дека нема непосредни закани и базата продолжи со нормалното работење. Истрагата е во тек“, соопшти портпаролот на базата.

    Првичните тестови не откриле ништо опасно, објави Си-Ен-Ен. Не е позната природата на болеста на оние кои биле во близина на пакетот кога бил отворен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира