По годината која во која умреа многу легендарни уметници, славниот сиднејски новогодишен огномет денеска беше во чест на дел од нив. Повеќе од милион луѓе беа присутни на пристаништето во најголемиот австралиски град за дочекот на 2017 година. Огнометот над пристаништето во Сиднеј годинава беше во чест на Принс и Дејвид Боуви и беше придружуван од музиката на двајцата починати пејачи.
Директорот на спектаклот Фортунато Форти кажа дека „годинава ќе врне пурпурен дожд над Сиднеј“, алудирајќи на истоимениот хит на Принс. Во чест на Боуви, пак, имаше огномет во форма на Сатурн, месечината и ѕвезди.
Боуви, кој почина на 69 години на почетокот на 2016 година, живееше во Сиднеј 10 години во 1980-те и 90-те.
„Годинава, за жал, загубивме многу музички и актерски легенди ширум светот. Затоа, славењето на нивната музика како дел од новогодишниот огномет во Сиднеј е можност да се навратиме на тоа каква беше годинава и што може да ни донесе иднината“, рече копродуцентот на новогодишната прослава Кетрин Фланадан.