ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИТЕ НА „БРИТИШ ЕРВЕЈС“ ПОРАДИ ПАД НА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ

    ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИТЕ НА „БРИТИШ ЕРВЕЈС“ ПОРАДИ ПАД НА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМНема официјална потврда дали станува збор за нов хакерски напад, иако некои британски медиуми не ја исклучуваат и таа можност - метеж на терминалот на аеродромот Хитроу (Фото: АП)

    Сите летови на Бритиш ервејс од лондонските аеродроми Хитроу и Гетвик се откажани до 6 часот попладнево поради застој на компјутерскиот систем, соопшти компанијата.

    На патниците им се препорачува да не одат кон аеродромите поради огромни гужви на терминалите. „Се соочуваме со голем пад на компјутерскиот систем што предизвикува тешки нарушувања на нашите летови насекаде“, изјави портпаролката на компанијата.

    Нема официјална потврда дали станува збор за нов хакерски напад, иако некои британски медиуми не ја исклучуваат и таа можност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира