„ПАМЕТНИ“ ДОМАШНИ АПАРАТИ БИЛЕ КОРИСТЕНИ ЗА САЈБЕР НАПАДОТ ШТО ГИ ПОГОДИ НАЈГОЛЕМИТЕ САЈТОВИ

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Лондон,(Би-Би-Си)

    „ПАМЕТНИ“ ДОМАШНИ АПАРАТИ БИЛЕ КОРИСТЕНИ ЗА САЈБЕР НАПАДОТ ШТО ГИ ПОГОДИ НАЈГОЛЕМИТЕ САЈТОВИ

    Хакерите користеле домашни апарати поврзани на интернет, како камери за надгледување и принтери, за вчерашниот напад на популарни интернет сајтови, велат аналитичари. Твитер, Спотифај, Редит и Саундклауд беа меѓу сајтовите, кои беа паднати или имаа проблеми вчера.

    Сите тие ја користат компанијата „Дин“, која беше цел на нападот, да ги насочат корисниците кон нивните сајтови. Аналитичарите сега веруваат дека во нападот бил користен „интернет на нештата“ – домашни апарати поврзани на интернет да го лансираат нападот. Сервисот „Дин“ служи како „телефонски именик“ на интернет, кој ги насочува корисниците до интернет адресата на која се наоѓаат сајтовите. Вчера, „Дин“ беше цел на ДДОС напад, со кој илјадници апарати координирано праќаат интернет сообраќај за да го преоптоварат сервисот. Вчерашниот напад вклучуваше десетици милиони интернет адреси и одбележува промена на тактиката на хакерите.

    ДДОС нападите вообичаено се насочени кон еден сајт, но нападот на „Дин“ погоди неколку од најголемите светски сајтови одеднаш. Користењето на „паметните“ домашни апарати, исто така, е релативно нов феномен.

    Џеф Џармос, шеф на одделот за безбедност на глобалниот бизнис сервис „Сејлсфорс“, потенцираше дека интернет инфраструктурата треба да биде поробусна.

    „Во релативно краток период, направивме систем изграден да издржи уништување од нуклеарно оружје да биде ранлив на тостери“, напиша Џармос на социјалните мрежи.

    Многу од домашните апарати поврзани на интернет доаѓаат со лесни за погодување кориснички имиња и лозинки, кои не можат да бидат променети од корисниците, слабост што ја користат хакерите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира