ПАПАТА ФРАЊО ГИ ПОДДРЖА ГЕЈ БРАКОВИТЕ ВО НОВ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

    ПАПАТА ФРАЊО ГИ ПОДДРЖА ГЕЈ БРАКОВИТЕ ВО НОВ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМОткако стана папа во 2013 година, Фрањо се труди со поинклузивен тон да зборува за ЛГБТ-луѓето (Фото: Гети)

    Папата Фрањо изјави дека на истополовите двојки би требало да им се дозволи да склучуваат граѓански брак.Тој даде ваков коментар во интервјуто за документарниот филм „Франческо“, кој имаше премиера на Римскиот филмски фестивал денеска.

    „И хомосексуалните луѓе имаат право да бидат во фамилија. Тие се божји деца и имаат право да бидат фамилија. Она што треба да креираме е закон за граѓанска унија, на тој начин тие ќе бидат законски покриени. Стојам зад ова“, кажа папата Фрањо во филмот на режисерот Евгени Афинеевски.

    „Франческо“ зборува за животот и работата на папата Фрањо и во една сцена, тој охрабрува двајца геј мажи да присуствуваат на црковна служба со своите три деца.

    Според сегашната католичка доктрина, хомосексуалните врски се сметаат за девијантно однесување.

    Додека беше архиепископ на Буенос Аирес, Фрањо отворено се спротивставуваше на геј браковите, но откако стана папа во 2013 година, се труди со поинклузивен тон да зборува за ЛГБТ-луѓето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира