Јапонската полиција уапси едно лице осомничено дека убило најмалку петнаесет луѓе во напад со нож во објект каде што се згрижени хендикепирани лица западно од Токио, јави јапонската државна телевизија.
Во масовното убиство во градот Сагамихара покрај 15 загинати има И 45 повредени. Осумнаесет од повредените се во тешка состојба.
Полицијата добила повик за нападот од вработен во објектот во 2.30 минути по полноќ. Убиецот потоа се предал во полициска станица во Сагамихара. Изјавил дека бил поранешен вработен во истиот објект.
Инцидентот предизвика шок низ Јапонија, каде што масовните убиства се ретки. Контролата на личното вооружување е многу строга, поседувањето оружје е многу ограничена појава, па поради тоа зачестија напади со нож.