ПОЧИНА МЕРИ КВАНТ, МОДНАТА ДИЗАЈНЕРКА КОЈА ГО ПОПУЛАРИЗИРАШЕ МИНИ ЗДОЛНИШТЕТО

    ПОЧИНА МЕРИ КВАНТ, МОДНАТА ДИЗАЈНЕРКА КОЈА ГО ПОПУЛАРИЗИРАШЕ МИНИ ЗДОЛНИШТЕТОвант важи за една од највлијателните личности на модната сцена во 1960-ите (Фото: Гети)

    Прославената британска модна дизајнерка Мери Квант почина на 93 години, објави нејзиното семејство. Дејм Мери е заслужна за популаризација на мини здолништето, што помогна да се дефинира модата на 1960-ите.

    Таа беше една од најпризнатите модни дизајнерки на светот на 20. век и неверојатна иноваторка. Својот прв бутик го отвори во 1955 година и со своите далекувидни и креативни таленти брзо воспостави уникатен придонес за британската мода“, соопшти нејзиното семејство.

    Квант важи за една од највлијателните личности на модната сцена во 1960-ите и со своите елегантни, живописни и едноставни дизајни придонесе модата да стане подостапна за масите.

    Нејзиниот бутик „Базар“ во Челзи стана срцето на лондонската мода и збиралиште на млади и уметници и набргу почна да привлекува и славни личности, како Брижит Бардо, Одри Хепберн, „Битлс“ и „Ролинг стоунс“.

    Квант веројатно е најпозната по зачнувањето на мини здолништето и жешките панталони, за кои кажа дека даваа чувство на слобода и ослободување. Дали Квант го измислила мини здолништето или не остана предмет на долг спор со францускиот дизајнер Андре Кураж, но не е спорно дека таа најмногу придонесла за негова популаризација и претворање во светски тренд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира