Светски познатата британска архитектка, дамата Заха Хадид, меѓу чии дела е и Олимпискиот акватик центар во Лондон, почина денеска на 65 години. Хадид, родум од Ирак, доживеа срцев удар додека беше во болница во Мајами, каде се лекуваше од бронхитис.
Хадид проектираше згради низ целиот свет, од Хонгконг, преку Германија до Азербејџан, и е прва жена која го доби златниот медал на Кралскиот институт на архитекти на Британија. Во 2004 беше првата жена што ја доби престижната Прицкерова награда, што е рамна на Нобелова за архитектура, а во 2012 ја доби кралската титула дама.
Нејзините згради се исклучително неофутуристички, се карактеризираат со моќни, обли форми на издложени структури, со повеќекратни перспективни точки и фрагментирана геометрија, која асоцира на хаосот на современиот живот. До неодамна беше професор на Унивезитетот на применета уметност во Виена.