Неколку полициски екипи биле испратени по итен повик во јужна Германија откако полицијата била алармирана дека некоја жена носи меч.
Портпаролот на полицијата во Ној Улм во јужната покраина Баварија изјави дека телефонскиот повик звучел многу драматично и повеќе полициски возила биле испратени во потрага по наводно вооружената жена.
Полицајците откриле дека тревогата ја предизвикале две момчиња, кои биле маскирани за забава за Ноќта на вештерките. Еден од нив носел пластичен меч во футрола, како дел од маската.
Бидејќи момчињата не прекршиле ниту еден закон, им било дозволено да продолжат да се забавуваат, додаде портпаролот.



