ПРАТЕНИКОТ КОЈ ПОВИКА НА ПУЧ ВО ГРЦИЈА ИЗБРКАН ОД РЕДОВИТЕ НА ЗЛАТНА ЗОРА

    ПРАТЕНИКОТ КОЈ ПОВИКА НА ПУЧ ВО ГРЦИЈА ИЗБРКАН ОД РЕДОВИТЕ НА ЗЛАТНА ЗОРАВластите можеби ќе покренат и истрага против Константинос Барбарусис (Фото: Катимерини)

    Златна зора го избрка од своите редови пратеникот Константинос Барбарусис, кој за време на парламентарната дебата за постигнатиот договор за името со Македонија, без знаење на партијата, ја повика грчката војска да го симне од власта премиерот Алексис Ципрас.

    Обраќајќи се од парламентарната говорница вчера, Барбарусис изјави дека војската би требала да ги уапси премиерот Ципрас, министерот за одбрана Панос Каменос и претседателот Прокопис Павлопулос, пред да направат предавство со потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името. Овие зборови биле сфатени како повикување на пуч.

    По ваквите изјави, претседателот на парламентот Никос Вуцис привремено ја суспендираше работата на Златна зора, така што ѝ забрани учество во следните сесии.

    Властите најавија покренување истрага против Барбарусис, со цел да се утврди дали тој сторил кривично дело.

    Со негово исклучување од членството, Златна зора сега има 15 пратеници во парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира