Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола го назначи својот зет за шеф на нејзиниот кабинет. Метју Табоне почнал да работи во Европскиот парламент за Мецола во 2013.
Малтешкиот европратеник Алекс Агиус Салиба го опиша потегот на својата сонародничка како груб непотизам.
Табоне со години важи за близок соработник на Мецола и е еден од нејзините главни советници. Тој се оженил со нејзината сестра во 2015.
Мецола уште во 2022 сакаше да го именува Табоне за шеф на нејзиниот кабинет, но се откажа од идејата, зашто во тоа време Европскиот парламент го тресеше корупцискиот скандал „Катаргејт“.