Претседателот на Азербејџан си ја назначи сопругата за потпретседател на поранешната советска земја. Илхан Алијев ја постави жена си Мехрибан на позицијата, воведена по уставниот референдум во септември.
Таа беше пратеник и водеше хуманитарна организација во минатото. Алијев е сојузник на Западот и успеа да ги одбрани интересите на муслиманската земја од руското влијание во стратешкиот Касписки регион богат со нафта и гас. Истовремено, неговата влада долго време се соочува со критики од Западот за наводни кршења на човекови права.
Критичарите на Алијев гледаат на септемврискиот референдум, со кој беше продолжен претседателскиот мандат од пет на седум години, како зацврстување на неговата династија. Алијев го наследи татка си на претседателската функциија во 2003 година.