ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА ВОЕН ПУЧ ВО БОЛИВИЈА, УАПСЕН НЕГОВИОТ ВОДАЧ

    ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА ВОЕН ПУЧ ВО БОЛИВИЈА, УАПСЕН НЕГОВИОТ ВОДАЧГенералот Хуан Хосе Суњига изјави дека сакал да ја реструктурира демократијата (Фото: АП)

    Боливиската полиција го уапси лидерот на обидот за пуч неколку часа откако војници упаднаа во претседателската палата во Ла Паз. Оклопни возила и војници зазедоа позиции на плоштадот Муриљо, каде што се сместени клучните владини згради, но потоа се повлекоа.

    Воениот лидер на бунтовниците генералот Хуан Хосе Суњига изјави дека сакал да ја реструктурира демократијата и иако го почитувал претседателот Луис Арсе, кажа дека треба да има промена на владата. Арсе го осуди обидот за пуч и ја повика јавноста да се мобилизира и организира во полза на демократијата.

    Не смееме да дозволиме обиди за пуч повторно да убиваат Боливијци“, кажа Арсе, по што продемократски демонстранти излегоа на улиците за да ѝ дадат поддршка на владата.

    Арсе истовремено назначи нови заповедници на војската, потврдувајќи дека Суњига бил отпуштен откако јавно го критикувал бившиот претседател Ево Моралес, кој исто така го осуди обидот за пуч.

    Ќе ја обновиме нашата татковина. Елита ја презеде земјата, вандали кои ја уништија земјата“, изјави Суњига откако беше уапсен.

    Тој беше отпуштен откако во понеделникот се појави на телевизија и кажа дека ќе го уапси Моралес ако следната година се кандидира на изборите, иако тоа му е забрането. Моралес живее во егзил во Мексико откако војската го обвини дека сакал да манипулира со резултатите на претседателските избори во 2019.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира