ПУЛИЦЕРОВА НАГРАДА ЗА „ЊУЈОРК ТАЈМС“, СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ДЕВОЈКАТА КОЈА ГО СНИМИ УБИСТВОТО НА ЏОРЏ ФЛОЈД

    ПУЛИЦЕРОВА НАГРАДА ЗА „ЊУЈОРК ТАЈМС“, СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ДЕВОЈКАТА КОЈА ГО СНИМИ УБИСТВОТО НА ЏОРЏ ФЛОЈДДарнела Фрејзер (трета од десно) во живо ја регистрираше полициската бруталност кон Флојд (Фото: Ројтерс)

    „Њујорк тајмс“ и повеќе американски медиуми годинава ги добија Пулицеровите награди, за нивните известувањеа за пандемијата на ковид-19 и протестите против расизам и полициска бруталност.

    Пулицеровата награда за јавен придонес отиде кај „Њујорк тајмс“ за нивното „храбро, прецизно и убедливо покривање на пандемијата“.

    Ед Јонг од списанието „Атлантик“ е награден за неговото новинарско известување, исто како и фоторепоретрот на Асошиејтед прес (АП) Емилио Моренати за серијата фотографии кои го прикажуваат влијанието на пандемијата врз повозрасните луѓе во Шпанија.

    „Минеаполис стар трибјун“ и фоторепортерите на АП се меѓу наградените за нивното покривање на смртта на Џорџ Флојд, после бруталната полициска операција во мај 2020 и протестите кои следеа.

    Дарнела Фрејзер, која во живо ја сними смртта на Флојд со нејзиниот телефон, доби специјално признание.

    Фрајзер, која во тој период имала 17 години, „делувала храбро во снимањето на настаните што поттикнаа протести ширум светот, истакнувајќи ја клучната улога на граѓаните во новинарската потрага по вистината и правдата“.

    Ова е 105. по ред доделување на Пулицеровите награди, за кои одлучува Универзитетот Колумбија во Њујорк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира