РИШИ СУНАК И ЛИЗ ТРАС ОСТАНАА ВО ТРКАТА ЗА НОВ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР, ПОБЕДНИКОТ ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА 5 СЕПТЕМВРИ

    РИШИ СУНАК И ЛИЗ ТРАС ОСТАНАА ВО ТРКАТА ЗА НОВ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР, ПОБЕДНИКОТ ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА 5 СЕПТЕМВРИАнкетите ѝ даваат предност на Трас (Фото: ПА)

    Новиот британски премиер ќе се избира помеѓу бившиот министер за финансии Риши Сунак и актуелната министерка за надворешни работи Лиз Трас. Тие се финалисти во трката за нов лидер на Конзервативната партија по оставката на Борис Џонсон, откако се издвоија по неколку круга гласање.

    Четириесет и двегодишниот Сунак, кој има индиско потекло, најави дека ќе воведе пакет радикални реформи во стилот на Маргарет Тачер во 1980-ите, додека Трас (47) вети кратење на даноците и конзервативна политика во интерес на бизнисот.

    Двајцата финалисти ќе имаат 12 средби со гласачите во периодот од 28 јули до 31 август, а ќе се соочат и на две телевизиски дебати, од кои првата ќе се одржи на 25 јули.

    Околу 160.000 членови на партијата ќе гласаат преку интернет, а името на победникот ќе биде објавено на 5 септември. Анкетите ѝ даваат предност на Трас, која го критикуваше Сунак за зголемување на даноците додека беше министер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира