РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА САД ГО НАРЕДИЛЕ ВЧЕРАШНИОТ НАПАД НА КРЕМЉ

    РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА САД ГО НАРЕДИЛЕ ВЧЕРАШНИОТ НАПАД НА КРЕМЉВо наводниот напад учествувале два дрона (Фото: ЕПА)

    Русија ги обвини САД дека стојат зад вчерашниот напад со дронови на Кремљ, опишан како обид за атентат на Владимир Путин.

    Ден откако ја обвини Украина за она што го опиша како терористички напад, Кремљ го сврте фокусот кон САД, без да изнесе докази за своите обвинувања. Украина негираше дека е вмешана во вчерашниот инцидент, кој се случил во раните утрински часови.

    „Смешни се обидите на Киев и Вашингтон да го негираат ова. Добро знаеме дека одлуките за вакви терористички напади се носат не во Киев, туку во Вашингтон“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Тој кажа дека САД без сомнение стојат зад овој напад, додавајќи дека Вашингтон често ѝ избира мети на Украина кои треба да се нападнат.

    „Ова често се диктира преку океанот. Во Вашингтон сигурно им е јасно дека ние сме свесни за тоа“, кажа тој.

    Путин не бил во Кремљ кога се случил наводниот напад и Москва се закани дека го задржува правото да се одмазди. Песков одби да каже дали Русија го смета Володимир Зеленски за легитимна мета.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира