РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ГИ ПРЕКИНА СИТЕ ВРСКИ СО ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

    РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ГИ ПРЕКИНА СИТЕ ВРСКИ СО ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈАРускиот митрополит Иларион кажа дека признавањето на независноста на Украинската црква е спротивно на сите историски вистини (Фото: Ројтерс)

    Руската православна црква ги прекина сите врски со Вселенската патријаршија во Истанбул, откако таа пред неколку дена ја призна независноста на Украинската православна црква од Москва, предизвикувајќи го најголемиот раскол во христијанството во последните илјада години.

    „Немавме друг избор освен да ги прекинеме сите врски со Цариградската патријаршија. Признавањето на независноста на Украинската православна црква од Москва е спротивно на сите историски вистини“, изјави митрополитот Иларион, кој се наоѓа на чело на Руската православна црква.

    Цариград досега одбиваше да ја признае независноста на Украинската црква, но го смени мислењето минатата недела. Претседателот на Украина, Петро Порошенко, кажа дека оваа одлука е во согласност со украинската независност.

    „Тоа е прашање на украинската национална безбедност, тоа е прашање на украинската државност“, изјави Порошенко по тој повод.

    Русија се надева дека Цариград ќе ја поништи оваа одлука, со цел да се избегне дефинитивен раскол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира