РУСКИ ДРОН ПОГОДИ ПАТНИЧКИ ВОЗ ВО ХАРКИВ, НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ

    РУСКИ ДРОН ПОГОДИ ПАТНИЧКИ ВОЗ ВО ХАРКИВ, НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА ЗАГИНАТИВо нападнатиот воз имало речиси 300 луѓе (Фото: украински итни служби)

    Володимир Зеленски ја обвини Русија за тероризам откако со дронови беше погоден патнички воз во североисточниот регион Харкив, при што загинаа најмалку пет луѓе. Тој додаде дека уште четири лица се водат како исчезнати откако бил нападнат воз во кој имало речиси 300 луѓе.

    Локалните власти кажаа дека избувнал пожар откако биле погодени локомотивата и еден патнички вагон. Возот бил директно погоден со еден дрон, а уште два дрона експлодирале покрај него.

    Во која било земја, нападот со дрон врз цивилен воз би се сметал за чист тероризам. Нема воено оправдување за таргетирање цивили“, рече Зеленски, додавајќи дека во вагонот што бил погоден имало 18 луѓе.

    Во друг напад ноќеска загинаа најмалку тројца луѓе во Одеса. Шефот на воената управа на Одеса, Серхиј Лисак, изјави дека областа била нападната со повеќе од 50 дронови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира