САД И ИРАН ПРИМИЛЕ МИРОВЕН ПЛАН ОД ПОСРЕДНИЦИТЕ, СЕ ПРЕДЛАГА ПРИМИРЈЕ ПРЕД ТРАЕН КРАЈ НА ВОЈНАТА

    САД И ИРАН ПРИМИЛЕ МИРОВЕН ПЛАН ОД ПОСРЕДНИЦИТЕ, СЕ ПРЕДЛАГА ПРИМИРЈЕ ПРЕД ТРАЕН КРАЈ НА ВОЈНАТАИран вели дека ќе го отвори Ормускиот Теснец само во случај на целосно запирање на нападите (Фото: АП)

    САД и Иран примиле рамка на план за крај на непријателствата, ден откако Доналд Трамп се закани со уништување на иранската цивилна инфраструктура ако не биде склучен договор, иако Техеран кажа дека нема да го отвори Ормускиот Теснец како дел од привремено примирје.

    Мировниот план вклучува двостепен пристап, со итен прекин на огнот проследен со сеопфатен договор. Началникот на пакистанската армија, фелдмаршалот Асим Мунир, цела ноќ бил во контакт со потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, специјалниот пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, изјави за „Ројтерс“ извор запознат со преговорите. Висок ирански функционер кажа дека Иран ги разгледува предлозите, но нема да прифати крајни рокови и ќе го отвори Ормускиот Теснец само во случај на целосно запирање на нападите.

    Сајтот „Аксиос“ прв објави дека американски, ирански и регионални преговарачи разговараат за условите од можен 45-дневен прекин на огнот, што би довел до траен крај на војната. Предлозите доаѓаат од посредниците од Египет, Пакистан и Турција, кои работат на запирањето на борбите. Тие се надеваат дека 45-дневен рок ќе биде доволен за пообемни разговори помеѓу завојуваните страни.

    Трамп прецизираше дека крајниот рок за отворање на Ормускиот Теснец истекува на 8 април (среда) во два часот по средноевреопско време, но и дека е можен договор во меѓувреме.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира