САД ќе распоредат десет борбени авиони „Ф-35“ во Порторико за да спроведуваат операции против наркокартели, изјавија два добро упатени извора. Тие ќе бидат додадени на веќе силното американско воено присуство во јужниот дел на Кариби, додека претседателот Доналд Трамп го исполнува предизборното ветување за справување со групите кои ги обвинува за внесување дрога во САД.
Ова следува три дена откако американските сили нападнаа брод, за кој Трамп рече дека превезувал огромни количини дрога од Венецуела, при што загинаа 11 лица.
Изворите рекоа дека десетте борбени авиони се испраќаат за спроведување операции против наркотерористички организации кои дејствуваат во јужниот дел на Карибите. Авионите треба да пристигнат во областа до крајот на следната недела.
Седум американски воени брода и една нуклеарна напаѓачка подморница се во регионот или се очекува наскоро да бидат таму, носејќи повеќе од 4.500 морнари и војници. Зголемувањето на бројот на војници има за цел да изврши притисок врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кого САД го обвинуваат за шверц на дрога и за соработка со криминални групи.
Мадуро во понеделникот рече дека САД бараат промена на режимот преку воена закана.