САД ПОНУДИЈА НАГРАДА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ХАМЗА БИН ЛАДЕН, ОМИЛЕНИОТ СИН НА УБИЕНИОТ ЛИДЕР НА АЛ КАЕДА

    САД ПОНУДИЈА НАГРАДА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ХАМЗА БИН ЛАДЕН, ОМИЛЕНИОТ СИН НА УБИЕНИОТ ЛИДЕР НА АЛ КАЕДАСАД пред две години го прогласија Хамза бин Ладен за глобален терорист (Фото: Стејт департмент)

    САД понудија награда од еден милион долари за информација која би можела да доведе до фаќањето на еден од синовите на покојниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Официјални лица го опишаа Хамза бин Ладен како еден од новите лидери на оваа терористичка организација и веруваат дека тој се наоѓа во близина на авганистанско-пакистанска граница.

    Во изминатите години, тој објави неколку аудио и видеоснимки во коишто ги повика следбениците да напаѓаат американски и западни цели, во знак на одмазда за убиството на неговиот татко во 2011 година.

    Саудиска Арабија денеска објави дека му го одзела државјанството на Хамза бин Ладен, кој лани ги повика жителите на оваа земја да се подготват за џихад. Пред две години, Хамза бин Ладен, за кој се верува дека е во 30-ти години, и официјално од САД беше прогласен за глобален терорист. Тој е женет за ќерката на Мохамед Ата, кој учествуваше во уривањето на кулите близначки во Њујорк во 2001 година.

    Осама бин Ладен отсекогаш го фаворизирал Хамза за свој наследник во Ал Каеда. Се верува дека тој со години живеел со мајка му во Иран, додека други извори го лоцираат во Сирија, Авганистан и Пакистан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира