СЕДУМ ПЛАНЕТИ СЛИЧНИ НА ЗЕМЈАТА ОТКРИЕНИ ОКОЛУ БЛИСКА ЅВЕЗДА

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Њујорк,(Њујорктајмс)

    СЕДУМ ПЛАНЕТИ СЛИЧНИ НА ЗЕМЈАТА ОТКРИЕНИ ОКОЛУ БЛИСКА ЅВЕЗДА

    Седум планети големи колку Земјата, на кои можеби има живот, беа идентификувани околу мала и не толку далечна ѕвезда, што е прва реалистична можност за потрага по биолошки знаци на вонземски живот надвор од сончевиот систем.

    Планетите орбитираат околу ѕвезда џуџе именувана Трапист-1, околу 40 светлосни години, или околу 378 трилиони километри, оддалечена од Земјата. Тоа е релативно блиску и, по игра на случајот, ориентацијата на нивните орбити дозволува да бидат детално истражени.

    Една или повеќе од нив можат да ја имаат вистинската температура за да бидат исполнети со океани со вода, велат астрономите, врз основа на оддалеченоста на планетите од ѕвездата џуџе.

    „Ова е првпат толку многу планети од ваков вид да бидат откриени околу иста ѕвезда“, вели Мајкл Гијон, астроном од Универзитетот во Лиеж, Белгија и лидер на меѓународниот тим што ја набљудуваше Трапист-1
    Откритијата беа објавени во магазинот „Нејчр“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира