Знаете дека сте прејадени, се чувствувате дека стомакот ќе ви пукне и да беше нормален ден, никогаш не би ја наполниле толку чинијата, но за празниците, сакате да пробате од секое јадење на масата и потоа ви е лошо.
Тука не зборуваме за прекумерна тежина, срцеви заболувања, дијабетес или за последиците од навиката на секојдневното прекумерно јадење. Зборуваме за краткорочното пореметување на здравјето од големото ниво на калории и маснотии во храната за време на празниците. Што се случува со нашето тело кога ќе се прејадеме за празниците?
Ете што точно се случува:
Преполниот желудник може да ја подигне дијафрагмата, навлегувајќи во територијата на белите дробови. Бидејќи тие не можат да се прошират на потребниот начин, дишењето се отежнува.
Мачнината може да започне доколку јадеме брзо и не џвакаме темелно. Секој непотребен додаден оброк, особено мрсен или непознат за нашиот организам, може да го вознемири желудникот, ослободувајќи хемикалии кои предизвикуваат мачнина, дури и дијареа.
Големото количество на храна го натстимулира дигестивниот систем, забавувајќи ги останатите фунции на телото. Инсулинот и други хормони се ослободуваат за да ги распаднат јагленхидратите. Шеќерот во крвта одеднаш клуминира, а потоа опаѓа.
Дигестивниот систем одзема повеќе од крвта која што обично му треба, правејќи срцето да ни работи побрзо. Триглицеридите се лепат за ѕидовите на крвните садови. Функцијата на клетките и крвните садови опаѓа и ризикот од срцев удар се зголемува.
Кога внесуваме премногу храна и пијалоци (особени газирани пијалоци), проголтуваме и екстра воздух. Исто така, бактериите на желудникот произведуваат дополнителни гасови од распадот на шеќерот и скробот. Сето тоа некако треба да излезе.
Крвта која брза кон дигестивниот систем ги напушта помалку критичните области како што се останатите мускули и кожата, и на некои луѓе им застудува.
Колку тежеше таа храна? Две кила? Три? Огромната тежина на она што сме го изеле може да не направи да се чувствуваме потиштени, особено ако не јадеме толку многу во секојдневието.
По првите 750 калории, нашето тело почнува да складира поголем процент на храна како маст. Едно истражување од 2000 година покажа дека просечниот возрасен човек, секој празник додава по едно кило, а многумина никогаш не го губат.
Начинот на кој што храната за време на празниците влијае кај секој човек зависи од гените, телесниот состав, реакцијата на системот кон одредени хормони и редовната исхрана и навики на вежбање.