СМЕНЕТ ШЕФОТ НА КОМПАНИЈАТА „ОПЕНАИ“, КОЈА ГО РАЗВИ НАЈПОПУЛАРНИОТ ЧЕТБОТ ЧЕТГПТ

    СМЕНЕТ ШЕФОТ НА КОМПАНИЈАТА „ОПЕНАИ“, КОЈА ГО РАЗВИ НАЈПОПУЛАРНИОТ ЧЕТБОТ ЧЕТГПТСем Алтман беше еден од основачите на компанијата и стана своевидно заштитно лице на оваа растечка индустрија (Фото: ЕПА)

    Компанијата за развој на вештачката интелигенција „ОпенАИ“ го смени извршниот директор Сем Алтман зашто управниот одбор изгубил доверба во неговата способност да раководи со фирмата. Управниот одбор кажа дека Алтман не бил секогаш искрен во своите комуникации, што ја попречувало неговата способност да ги извршува своите задачи.

    ОпенАИ“ пред една година предизвика бум во светот со својот четбот занован врз вештачка интелигенција ЧетГПТ. Триесет и осумгодишниот Алтман беше еден од основачите на компанијата и стана своевидно заштитно лице на оваа растечка индустрија, па дури сведочеше во американскиот Конгрес на расправата за новите правила за вештачката интелигенција.

    Времето што го поминав во компанијата ме трансформираше лично, но по малку и светот. Најмногу од сѐ, ја сакав работата со тие талентирани луѓе. Повеќе ќе кажам во моето следно писмо“, напиша Алтман на социјалните мрежи.

    Управниот одбор на „ОпенАИ“ му се заблагодари на Алтман, но додаде дека има потреба од ново раководство.

    Бордот веќе немаше доверба во способностите на Алтман“, соопшти компанијата.

    ОпенАИ“ почна како непрофитна фирма во 2015, но се реструктурираше во 2019 и сега е поддржана од „Мајкрософт“, кој инвестираше милијарди долари во неа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира