СУДОТ НА БИХ РАСПИША МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА МИЛОРАД ДОДИК

    СУДОТ НА БИХ РАСПИША МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА МИЛОРАД ДОДИКВо потерницата е наведено дека Додик се гони за напад врз уставниот поредок на БиХ (Фото: СРНА)

    Судот на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница по претседателот на Република Српска Милорад Додик и спикерот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ. Во потерницата е наведено дека тие кривично се гонат за напад врз уставниот поредок на БиХ. Двете потерници се внесени во системот на Интерпол, објавија босанските медиуми.

    Додик неодамна беше осуден на една година затвор и доби шестгодишна забрана за вршење јавна функција поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит.

    Пркосејќи му на внатрешниот налог за апсење, Додик оваа недела отиде во соседната Србија, а потоа отпатува за Израел за да учествува на конферецнија за антисемитизам во Ерусалим. Додик вели дека обвиненијата против него се политички мотивирани и покрена постапка во Народното собрание за промена на уставот на Република Српска, според кои таа ќе има право на самоопределување и на формирање сопствена војска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира