ТРАМП ОЧЕКУВА КИНА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ДА ПОМОГНАТ ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ

    ТРАМП ОЧЕКУВА КИНА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ДА ПОМОГНАТ ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦТрамп вели дека многу држави ќе се вклучат во обезбедувањето на теснецот. (Фото: ДПА)

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на еден или друг начин Ормускиот Теснец набрзо ќе биде отворен и безбеден за пловидба. Во објава на својата платформа „Трут Соушл“, тој изрази очекување дека Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Велика Британија ќе испратат свои воени бродови во овој клучен поморски канал за Иран повеќе да не претставува закана.

    Трамп вели дека многу држави ќе се вклучат во обезбедувањето на теснецот, а во меѓувреме најави дека САД силно ќе го бомбардираат крајбрежјето и континуирано ќе ги гаѓаат иранските чамци и бродови.

    Според неговите тврдења, Соединетите Американски Држави веќе уништиле 100% од иранскиот воен капацитет, но додава дека за Иран и понатаму е лесно да користи дронови, мини и ракети со краток дострел.

    На ваквите најави реагираше претставникот на Иран во Женева, Али Бахрани, кој вели дека изјавите на Трамп за елиминирање на капацитетите на Техеран се засноваат на измислени лаги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира