ТРИНАЕСЕТ ЖЕНИ ГО ОБВИНИЈА ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ ЗА НЕДОЛИЧНО СЕКСУАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ

    ТРИНАЕСЕТ ЖЕНИ ГО ОБВИНИЈА ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ ЗА НЕДОЛИЧНО СЕКСУАЛНО ОДНЕСУВАЊЕДепардје веќе се наоѓа под истрага за силување (Фото: ЕПА)

    Славниот француски актер Жерар Депардје е обвинет за сексуален напад или сексуално вознемирување на 13 жени, според истрагата што ја спроведе сајтот „Медијапарт“. Жените тврдат дека Депардје ги фаќал, ги ставал рацете во нивните гаќички и им упатувал недолични забелешки.

    Инцидентите се случиле во изминатите две децении на филмски и телевизиски снимања или на јавни места.

    Депардје ги негира сите обвинувања кои се сметаат за кривично дело“, изјави неговиот адвокат.

    Овие обвинувања следуваат две години откако Депардје се најде под кривична истрага поради силување, што тој го негираше.

    Во истрагата на „Медијапарт“ една жена кажа дека Депардје се обидел да ги стави рацете под нејзиниот фустан, а кога таа го одбила, тој станал агресивен и се обидел повторно. Друга жена откри дека тој сакал да ги допре нејзините гениталии за време на снимање на групна сцена.

    Многу од жените кажаа дека биле шокирани оти ништо не било преземено на филмските сетови и дека однесувањето на Депардје се толерирало и дури прифатено со смеа.

    Канцеларијата на обвинителот на Париз соопшти дека досега не примила ниедна поплака за актерот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира