ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД ВРЗ ТАНКЕР ВО РОСТОВ

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД ВРЗ ТАНКЕР ВО РОСТОВТанкерот беше погоден во пристаништето на Ростов на Дон (Фото: Телеграм)

    Украинските сили погодија танкер во јужна Русија, при што загинаа најмалку тројца луѓе, потврди гувернерот на регионот Ростов, Јури Сљусар. Нападот се случил во пристаништето на Ростов на Дон.

    Итните служби го изгаснаа пожарот на танкерот, кој беше погоден со дрон додека стоеше закотвен. Избегнато е истекувањето на нафтените производи во водата. За жал, има загинати и повредени“, кажа градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скрјабин.

    Меѓу загинатите се и двајца членови на посадата на погодениот танкер.

    Фотографии и видеоснимки објавени на социјалните мрежи покажуваат голем пожар во пределот на пристаништето.

    Украина во изминатиот период нападна неколку танкери од руската флота во сенка, кои превезуваат руска нафта под знаме на друга држава за да се избегнат санкциите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира