ЦУНАМИ УНИШТИ ЦЕЛИ СЕЛА НА ОСТРОВИТЕ НА ТОНГА, КОЈА Е ОТСЕЧЕНА ОД СВЕТОТ ПО ВУЛКАНСКАТА ЕРУПЦИЈА ВИКЕНДОВ

    ЦУНАМИ УНИШТИ ЦЕЛИ СЕЛА НА ОСТРОВИТЕ НА ТОНГА, КОЈА Е ОТСЕЧЕНА ОД СВЕТОТ ПО ВУЛКАНСКАТА ЕРУПЦИЈА ВИКЕНДОВСпасувачката операција е попречена од вулканскиот пепел што паѓа наоколу (Фото: АП)

    Властите на Тонга кажаа дека земјата е погодена од досега невидена катастрофа како резултат на неодамнешната подводна вулканска ерупција, која доведе до цунами. Досега се потврдени три смртни случаи, вклучувајќи британска државјанка, но владата вели дека размерите на катастрофата допрва се осознаваат.

    „Помалите оддалечени острови се особено лошо погодени. На островот Манго, на кој живеат 50 луѓе, се уништени сите куќи, а на друг се останати само две“, соопшти владата, која првпат се огласи откако викендов се случи ерупцијата.

    Спасувачката операција е попречена од вулканскиот пепел што паѓа наоколу. Волонтерите ја чистат пистата на главниот аеродром за да се овозможи слетувањето на авионите, кои ја доставуваат неопходната помош во вода за пиење и други залихи.

    Комуникациите со островите кои ја сочинуваат јужнопацифичката држава се нарушени откако ерупцијата сериозно го оштетила единствениот подводен кабел што ја поврзува со остатокот на светот. Владата кажа дека интернетот е паднат, а не работат ни некои локални телефонски врски.

    Ерупцијата на вулканот, оддалечен 64 километри од главниот град на Тонга, беше почувствувана и во САД, а ја следеа бранови високи и до 15 метри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира