Неодамна формираната Украинска православна црква доби независност, со што и официјално се раздели од Руската црква. Во присуство на украинскиот претседател Петро Порошенко, цариградскиот патријарх Вартоломеј потпиша документ во Истанбул, со кој се официјализираше најавата од октомври.
Овој потег предизвика жестока реакција во Русија и ја продлабочи поделбата во православниот свет.
Украинските цркви со векови биле под власта на лидерите на Руската православна црква во Москва, која по најавите за овој чин, ги раскина сите врски со Цариградската патријаршија.
Настанот што се одржа во црквата „Свети Ѓорѓи“ беше пренесуван во живо на украинската национална телевизија.