ВАЖЕН ИРАНСКИ ГЕНЕРАЛ ЗАГИНА ВО НАПАДОТ ВО КОЈ БЕШЕ УБИЕН ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ

    ВАЖЕН ИРАНСКИ ГЕНЕРАЛ ЗАГИНА ВО НАПАДОТ ВО КОЈ БЕШЕ УБИЕН ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХАбас Нилфорушан беше заменик-командир на операциите на гардата од 2019 (Фото: Икс)

    Иранската револуционерна гарда (ИРГ) потврди дека во нападот во Бејрут во кој беше убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, загинал и иранскиот генерал Абас Нилфорушан, кој беше заменик-командир на операциите на гардата.

    Иран претходно се закани дека смртта на Насралах нема да помине без казна, но притоа не беше спомната смртта на 58-годишниот Нилфорушан.

    ИРГ го опиша Нилфорушан како нејзин воен советник во Либан, термин што Иран го користи за своите воени сили во регионот. Тој беше назначен за заменик-командир на операциите на ИРГ во 2019. Претходно бил заменик-командир на центарот во кој се обучуваат иранските паравоени единици Басиџ.

    Се верува дека тој имал клучна улога во сузбивањето на антивладините протести во Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира