ВЕНЕЦУЕЛЕЦОТ ВО ПЛАМЕН Е ФОТО НА ГОДИНАТА

    ВЕНЕЦУЕЛЕЦОТ ВО ПЛАМЕН Е ФОТО НА ГОДИНАТАФотографијата на новинарот на Агенцијата Франс-прес (АФП) Роналдо Шемид снимена при судирите во Каракас на протестот против претседателот Николас Мадуро ја освои наградата Ворлд прес фото на годината

    Фотографија на младо момче во пламен на судирите во Каракас, главниот град на Венецуела, на протестот против претседателот Николас Мадуро, ја освои наградата Ворлд прес фото на годината. Фотографијата на новинарот на Агенцијата Франс-прес (АФП) Роналдо Шемид, ја освои и главната награда и наградата во категоријата за вест од лице место. Наградите се доделија денеска во Амстердам.

    Претседателот на жирито, Магдалена Херера, ја нарече „класична фотографија“ која ѝ даде „моментална емоција“.

    На фотографијата е прикажан човек кој е во пламен откако експлодирал резервоарот за бензин на неговиот мотор. Тој избегал со изгореници од втор степен.

    Шемид е фотограф за АФП во дописништвото во Мексико.

    Вкупно 4,548 фотографи од 125 земји влегоа во конкуренцијата во осум категории. Најдобрата фотографија освои награда од 10.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира