ВО КОЛУМБИЈА УАПСЕН НАРКОБОСОТ ОТОНИЕЛ, ГО СПОРЕДУВААТ СО ПАБЛО ЕСКОБАР

    ВО КОЛУМБИЈА УАПСЕН НАРКОБОСОТ ОТОНИЕЛ, ГО СПОРЕДУВААТ СО ПАБЛО ЕСКОБАРСАД нудеа награда од 5 милиони евра за иформација што ќе доведе до негово апсење. - Наркобосот Отониел (Фото: Кабинет на колумбискиот претседател)

    Уапсен е најбараниот шверцер на дрога во Колумбија и лидер на најголемата криминална банда во земјата. Даиро Антонио Усуга, познат како Отониел, беше заробен по заедничка акција на армијата, военото воздухопловство и полицијата.

    Колумбиската влада нудеше 800 илјади долари награда за информација за неговата локација, додека САД даваше награда од 5 милиони долари.

    Претседателот Иван Дуке имаше телевизиско обраќање по апсењето.

    „Ова е најголем удар за шверцот на дрога во нашата земја во овој век. Овој удар се споредува само со падот на Пабло Ескобар во 1990-те3 кажа колумбискиот претседател.

    Отониел беше уапсен во провинцијата Антиоква, близу границата со Панама. Претседателот кажа дека еден полицаец загинал во операцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира