Емерсон Мнангагва положи заклетва како нов претседател на Зимбабве на преполнетиот стадион во Хараре, наследувајќи го Роберт Мугабе, кој владееше со земјата во последните 37 години.
Деведесет и тригодишниот Мугабе беше притиснат од војската и од парламентот да се повлече, а една од причините за тоа беше смената на Мнангагва од позицијата потпретседател, кој ја ужива поддршката на воените ветерани.
Војската и безбедносните сили на Зимбабве му ја искажаа својата лојалност на 73-годишниот Мнангагва за време на инаугурацијата.
Мугабе не се појави на свеченоста, но ќе остане во земјата под максимална обезбедување.
Мнангагва и досега беше дел од политичката елита на Зимбабве и многумина го поврзуваат со некои од најголемите злосторства што владејачката партија Зану-ГП ги извршила, откако земјата се здоби со независност во 1980 година. Тој го негираше своето учество во масакрите на цивилите, префрлувајќи ја вината врз војската.