ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ШАРЛОТ ПО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ПОЛИЦИСКО УБИСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Шарлот,(Би-Би-Си)

    ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ШАРЛОТ ПО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ПОЛИЦИСКО УБИСТВО

    Гувернерот на Северна Каролина прогласи вонредна состојба во градот Шарлот, додека траат протестите поради убиството на афроамериканец од страна на полицијата. Насилство изби втора ноќ по ред во американскиот град, откако Кит Ламонт Скот беше застрелан од полицаец, исто така, афроамериканец во вторникот. Еден од демонстрантите е во критична состојба по едно пукање „цивил на цивил“, соопшти градот.

    Скот е третиот афроамериканец убиен од полицијата во последните седум дена. Полицијата во Шарлот користи солзавец за да ја разбие толпата демостранти. Локалната полиција соопшти дека четворица полицајци се повредени.

    Гувернерот Мет Мекрори кажа дека ја повикал националната гарда да и помогне на поплицијата со протестите.

    „Секое насилство насочено кој нашите жители или полицајци или уништување на имот не смее да се толерира“, кажа тој.

    Демонстрантите протестираат по убиството на Скот (43) во спорни околности. Полицијата барала друго лице, кога, како што велат, го виделе Скот како излегува од автомобил со пиштол. Полицајците тврдат дека неколку пати му кажале да го спушти пиштолот, пред да биде застрелан, но неговата фамилија вели дека тој само читал книга, додека го чекал син му да дојде со школскиот автобус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира