ЗАСТРЕЛАН АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕН ДОДЕКА ТРЕНИРАЛ БЕЗБОЛ

    ЗАСТРЕЛАН АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕН ДОДЕКА ТРЕНИРАЛ БЕЗБОЛКонгресменот Стив Скалис се наоѓа в стабилна состојба. (архивска фотографија)

    Републиканскиот конгресмен Стив Скалис беше застрелан со пушка за време на безбол тренинг каде што беше заедно со други конгресмени, соопштија властите. Негов соработник кажа дека Скалис се наоѓа во стабилна состојба во универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“.

    Конгресменот Моу Брукс рече дека и други луѓе биле погодени, вклучувајќи двајца полицајци. Брукс, исто така, кажа дека Скалис (51) бил погоден во бутот. Скалис беше избран во Претставничкиот дом во 2008 година и е трет по важност конгресмен во Републиканската партија, задолжен да ги дисциплинира сопартијците при гласањата.

    Вооружениот напаѓач е приведен, соопшти полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира