ЖЕНСКАТА УБАВИНА ВО СИБИР ДОАЃА ВО СИТЕ ГОЛЕМИНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:40:"Краснојарск,(Ројтерс)

    ЖЕНСКАТА УБАВИНА ВО СИБИР ДОАЃА ВО СИТЕ ГОЛЕМИНИ

    Во снежниот руски град Краснојарск, жени се подготвуваат за избор на мис за поголеми величини, облечени во тоалети и костуми за капење, но, исто така, земаат часови по кикбокс и танцување.

    Изборот, кој се одржува втора година по ред во сибирскиот град, е организиран од локална агенција за модели „СибПлус“. Ина Сертракова, која работи во агенцијата, вели дека изборот на убавина, кој ќе се одржи во мај, има за цел да ги предизвика руските стереотипи за убавина, кои подразбираат многу слаба фигура.

    Изборот на убавина, кој ќе се одржи во мај, има за цел да ги предизвика руските стереотипи за убавина, кои подразбираат многу слаба фигура. (Фото: Ројтерс)

    Изборот на убавина, кој ќе се одржи во мај, има за цел да ги предизвика руските стереотипи за убавина, кои подразбираат многу слаба фигура. (Фото: Ројтерс)

    „Сакаме да ја покажеме нашата женственост дури иако тоа не се вклопува во актуелните модни стандарди, бидејќи сакаме на нас да гледаат како на прекрасни“, вели 25-годишната Олга Олесницкаја, која победи на изборот минатата година..

    Модел на агенцијата „СибПлус“ се подготвува за изборот на мис, кој треба да им помогне со самодовербата. (Фото: Ројтерс)

    Модел на агенцијата „СибПлус“ се подготвува за изборот на мис, кој треба да им помогне со самодовербата. (Фото: Ројтерс)

    Друга учесничка на ланскиот избор за мис, Александра Риженкова, виолинистка во Краснојарските опера, театар и балет, кажа дека учеството ѝ помогнало со самодовербата.
    „Откако ги родив децата се здебелив многу и почнав да ја кријам мојата фигура. Но, сега по изборот, сите мои несигурности исчезнаа“, рече таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира