ЅВЕЗДИТЕ ПЕЕЈА ЗА ХИЛАРИ КЛИНТОН НА БРОДВЕЈ

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Њујорк,(АП)

    ЅВЕЗДИТЕ ПЕЕЈА ЗА ХИЛАРИ КЛИНТОН НА БРОДВЕЈ

    Ѕвездите од Холивуд и Бродвеј, меѓу кои и Џулија Робертс, Џејк Гиленхал, Сара Џесика Паркер, Метју Бродерик, Хју Џекман, Емили Блант, Нил Патрик Харис и Хелен Мирен, синоќа направија блескав настан за поддршка на Хилари Клинтон.

    Кандидатката на Демократската партија се обрати преку видеопорака, но ќерка ѝ Челзи Клинтон и сопругот Бил беа во распродадената сала со 1.300 седишта во театарот Сент Џејмс во Њујорк. Били Кристал беше водител, а Барбара Стрејсенд го позајми својот снимен глас за шоуто.

    „На овие избори во залог е ставена иднината во која што сакаме да растат нашите деца, и дали ќе имаме земја во која сите ќе се гордееме зашто сите може да бидеме тие кои сме“, рече Челзи Клинтон.

    На шоуто говореше и ќерката на Хилари, Челзи Клинтон (Фото: АП)

    На шоуто говореше и ќерката на Хилари, Челзи Клинтон (Фото: АП)

    Бил Клинтон ја нарече сопругата „единствениот најдобар носител на промени што го знам“ и додаде:„Не е точно дека нашите најдобри денови се зад нас. Не е точно – освен ако не се откажеме. Не се откажувај. Зграпчи ги.“

    Билетите за настанот чинеа од 45 до 2.700 долари, а најскапите со пристап до забавата после шоуто беа 5.000 доалри. Настанот се емитуваше на живо на фејсбук страната на Клинтон.

    Неколку демонстранти против Клинтон стоеја на улицата спроти театарот, а на сцената многумина од ѕвездите носеа маици со пораки за поддршка на Хилари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира