За авторот

[vc_row el_class=”aboutme_content”][vc_column width=”1/3″][vc_single_image image=”180″ border_color=”grey” img_link_target=”_self” img_size=”large” alignment=”center” el_class=”aboutme_image”][/vc_column][vc_column width=”2/3″][vc_column_text]

Добредојде во 21 век, Горан

Горан Михајловски конечно влезе во 21 век. По 25 години „Сакам да кажам“, објавувана во печатен весник, саботната колумна преминува во дигитално издание. Песимистите би рекле, шуќур. Оптимистите би рекле, па добро, му требаа само 16 години да се увери дека 20 век нема да се врати.
Е, нема да се врати. Ама, на Горан тоа не му е важно. Поважно му е дека Интернетот му ветува нешто што никој друг не може: дека ќе биде поддршка за неговата страст да мисли слободно, секојпат да има што да каже, да сака да го каже, и тоа да направи разлика.
Откако изброја 25 години, 1.300 зафатени петоци, 1.300 саботни изданија на печатот, 2.600 страници од А4 формат исчукани некогаш на машина за пишување, а потоа на компјутер, 78.000 новинарски редови, 2.000 страници отпечатени во четири книги, авторот отсега ќе брои карактери и килобајти, посети на Интернет, лајкови и споделувања на Фејсбук, импресии на Твитер…
На 12 јануари, 2016 се наврши четврт век од објавувањето на првата колумна којашто се појави во весникот „Вечер“ во 1991 година. Од 8 јули, 2000 па до 31 декември, 2015 колумната излегуваше во весникот „Вест“. Тоа е најдолговечната и најпопуларна колумна во историјата на македонското новинарство.
Најавувајќи ја првата книга која се појави во 1997, Горан напиша: „ ’Сакам да кажамʻ го пишуваат сите мои читатели. Белешките за она што во сабота го читате во весник се фаќани преку целата недела, на секакви парченца хартија најдена кај-годе, од она што ќе го забележам по кафулињата во коишто излегувам, на гости кај пријателите, од колегите кои често пати знаат да ми кажат: ’Имам нешто за тебе!ʻ, од познати и непознати фаци сретнати случајно на улица, пред некој шалтер, во пиљарница, во редици (најинспиративни беа редиците за бензин)… Затоа и најмногу се радувам кога истите тие луѓе, познати и непознати, на истите или на други места ќе ми речат: ’И јас така би кажалʻ. Им благодарам.“
Одјавувајќи се од „Вест“, весникот што го основаше во 2000, затоа што мораше да замине поради политичките притисоци кои ги трпеше последните три години, во последната колумна објавена на 31 декември, 2015 Горан го напиша истото што го пишуваше и кога почна со колумната: „Секогаш сум кажувал дека колумната не е моја, туку е ваша. Белешките за неа се собирани во дружба со пријатели, низ муабет и дружење во редакцијата, со колеги од други медиуми, со моите најблиски дома, со читатели што ме препознавале по продавници и по кафеани, со минувачи на улица, со комшии… Затоа и сум ѝ го дал името ,Сакам да кажам’. И сè додека вие имате што да кажете, колумната ќе постои.“
Горан преку саботните колумни е хроничар на настаните во Македонија во транзициониот период. Оваа колумна е и главно одбележје на неговата професионална кариера која започнува во 1983, кога како студент на новинарство работеше во тогашниот „Студентски збор“. Во 1989 се вработи во дневниот весник „Вечер“. Таму напредуваше до главен и одговорен уредник во 1998, а во 2000 го основа „Вест“, којшто од 2005 стана најпопуларниот и најтиражниот дневен весник во Македонија.
Неговата кариера се поклопи со клучните датуми од создавањето на современата македонска држава. Во раните 90-ти години од 20 век, беше известувач за историските настани што го дефинираа создавањето на независната македонска држава.
Колумните му донесоа и три државни награди од областа на новинарството. Во 1993 и 1998 ги доби наградите „Крсте Петков Мисирков “, а во 2006 највисоката новинарска награда „Мито Хаџивасилев – Јасмин“.
Паралелно со работата во дневното новинарство, Горан преку пишувањето ја негуваше и својата пасија кон патувањата и авионите. Тој во 1993 го основаше и до 1996 беше главен уредник на првиот специјализиран авионски магазин „Следи го сонцето“, што го издаваше првата македонска авиокомпанија „Палер Македонија“. Магазинот излегуваше тројазично – на македонски, албански и англиски јазик.
Коавтор е и на книгата „Приказни со 5 ѕвездички“ (2004) од областа на туризмот и почетоците на луксузното хотелиерство во независна Македонија.
Од 2007 до 2015 предаваше Уредување во медиуми на студентите по новинарство на Правниот факултет на државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во 2002 одржа предавање на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ во Вашингтон, САД.
Стручно го надградуваше новинарскиот занает на обуки во САД и во најтиражните дневни весници во германското јазично подрачје, берлинскиот „Билд“ и виенскиот „Кроненцајтунг“, во шведските „Афтонбладет“ и „Експресен“, како и во весници во Велика Британија и Холандија.
Во 1996 година ја основаше македонската секција на Асоцијацијата нa европски новинари од Брисел, а од 2000 е координатор за Македонија на Организацијата на медиуми од југоисточна Европа – СЕЕМО, со седиште во Виена.
Во меѓувреме, Горан сфати една клучна работа: новинар си оти имаш да кажеш нешто што ќе направи разлика, без оглед на тоа во кој медиум го кажуваш.
Ок. На Горан му требаа само 25 години за да дојде до ова сознание. Ајде сега вие почнете да броите.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”1/1″][vc_text_separator title=”Галерија на слики” title_align=”separator_align_center” align=”align_center” color=”grey”][vc_gallery type=”image_grid” interval=”3″ images=”569,570,571,572,573,574,575,576,577,578,579,580,581,582″ onclick=”link_image” custom_links_target=”_self” img_size=”thumbnail”][/vc_column][/vc_row]