2002 – ПаЛатА МАКЕДОНИЈА

    16 февруари
    Се надевам дека луѓето од власта со внимание го следат судењето на Слободан Милошевиќ во Хаг. Особено оној дел кога тој се фали дека бил избран од народот и сè што правел, правел во име на народот. Нека гледаат. Крајот е многу поучен.

    2 март
    Криминалци и терористи од цел свет, обединете се! Ако не ве сакаат никаде, ако ве протеруваат од други земји, ако Буш ве ставил на списокот на непожелни посетители на САД, не губете надеж. Тука е Македонија рај за криминалци од секаков вид. Ние сите ги амнестираме. Од ситните крадци до терориститемонструми. Од припадниците на ОНА до тие што мислеле да бидат ОНА-нисти. ДПА и ПДП, никој не ги споменува во законот за амнестија. Тие имаат пратенич ки имунитет. Ние сме супермодел на американско европска држава во која се почитуваат сите човекови права. Вклучувајќи го и правото да ја уриваш државата и да убиваш луѓе. Е па нека повели сега нека ве запре полициска патрола за пребрзо возење. Со кој образ сиромашкиот полицаец ќе ви побара казна? Со кој образ сиромашкиот судија ќе ве осуди? Веројатно со истиот со кој експертите за човекови права и разни монитори ќе доаѓаат да ни држат лекции за правна држава. Зборуваат за нивните држави или за правната држава што со нивен ум ни ја направија тука? Во нашата правна држава убивањето и тероризмот се врв на почитувањето на човекови права. Кога ќе дојдат следниот пат баш ќе ги почитувам и безгранично ќе им верувам.

    23 март
    Снешка е во грешка. Никој не му ги мести палатите на премиерското семејство. Куќата на Водно им ја гради народот. Многу го сакаат Љубчо и решиле да му подарат куќа. Не знаеле како да го изненадат, па за да не се сети, го купиле плацот и го завеле во катастарот со моминското презиме на неговата сопруга Снежана. Народот сака да му заблагодари на Љубчо за сè убаво што стори за него овие четири години. Арно ама, клетите новинари им ја расипаа забавата. Сега тие работат на компромитација на скромното семејство. Се ујдисале со цела меѓународна заедница, со некакви кризни групи, НАТО, “лисици” ОБСЕ, ЕУ и измислуваат корупција каде што ја нема. За таа цел, не би ме зачудило ако во истрагата на премиерката се открие дека токму ние сме платиле околу 2,5 милиони марки да го купиме плацот, па после сме им го подметнале, користејќ и го името на сестрата Соња Таковска. Којзнае, можеби токму некој новинар на ВЕСТ пред дватри дена се појавил да го подигне налогот за плаќање на комуналиите за палатата Македонија на Водно. За инает на народот. Колку повеќ е народот го сака Љубчо, па и палати му подарува, толку новинарите уште повеќ е го мразат… …Башка, во Македонија и не мора да се штеди за да се стане богат. Еве, на пример, Љубен Пауновски стана богат, откако случајно некој подметна пари на сметката на дедо му. Се сеќавате и дека Арбен Џафери со милионот долари во тиранска банка излезе дека не бил Арбен, туку Арб’н. Така може да излезе и за сестрата на Снешка. Што ако не е Соња, ами Сонја. Мала е Македонија. Сите исто се викаме. Ама и се знаеме.

    20 април
    Собранието конечно го донесе и Законот за борба против корупцијата. Ќе почне да се применува по шест месеци. Нормално. Кој е будала да носи закон против себе.

    25 мај
    Убаво Тито рекол: “Да работиме како 100 години да ќе има мир, а да се подготвуваме како утре да ќе има војна”. Љубчо, како примерен Титов пионер, убаво ја запаметил реченицата. Завчера, по повод резолуцијата на косовското собрание што не го признава договорот со СР Југославија за границата, ни кажа: “Новиот напад може да дојде утре, а може и за три години”. Зависи кога им одговара на Љубчо и Џафери. Бидејќи од Титовото до Љубчовото време има историска дистанца, на популарната реченица за војната и мирот сега може да ѝ се даде нов пристап: “Да крадеме како 100 години да ќе биде мир, а да се подготвуваме за војна како утре да ќе нè фатат на дело”.

    22 јуни
    Што сè нема да дочекаме уште овие три месеци до изборите? Државата отиде, државниот имот го раскрчмија, стопанството го уништија, народот протестира по улици без работа, парите ги собраа во свои банки, генерациите ги оставија без образование и иднина… И црквата ли мораше да ни ја продадат. Пет века под турско и пет децении под комунистич ки режим, црквата опстојуваш е, ама нецели четири години под ВМРОДПМНЕ беа доволни и неа да ја уништат. Што мисли Љубчо со ова што ни го прави? Сака да ни се одмазди предвреме, ако не го изгласаме во септември?

    10 август
    Конечно и на Бранко, по четири години, му текна нешто ново. На Конвенцијата на здружената опозиција го претстави Трифун Костовски како носител на листа. И тоа дојде како изненадување за сите. За некои изненадување беше што носител на листа е и Тито Петковски. По системот од старото да создадеме ново, Бранко ги спои Трифун и Тито. СДСМ оди со слоган: “Има надеж за Македонија!”. Здружената опозиција настапува под мотото: “Со разум и срце!”. А Бранко се смее: “Трифун ќе пее, Тито да живее!”

    31 август
    Министерството на чие чело е најголемиот бранител на Македонија, кој учтиво го замолуваме веќе да не нè брани, оти следните десет години ќе треба да се браниме од неговите одбрани, вчера соопшти: “Автопатот Тетово Гостивар е прооден, ама не е безбеден”. По ваква охрабрувачка изјава на Министерството што се грижи за редот во државата, се очекува да дојде и соопштение од Владата во кое ќе ни се предочи дека ситуацијата е под контрола, само не се знае кој ја контролира. И на крај, како триумфална завршница на приказната за една убава држава, ќе се јави кабинетот на претседателот и ќе соопшти: “Македонија е проодна, ама не е безбедна”. Тоа ќе го потврдат и претставниците на меѓународната заедница, за да дадат уште една голема поддршка: “Македонија ја има, ама ја нема”. Која Македонија? Онаа Македонија во која претседателот на државата, по убиство на двајца полицајци, наутро изјавува дека станува збор за криминален акт, а навечер дека истото е терористички чин. И кој соопштува дека вакви напади можеле да се очекуваат!? А тој е Врховен командант! Онаа Македонија во која министерот за внатреш ни работи држи политич ки митинзи, додека му гинат полициски резервисти во кризни подрачја без панцирни елеци. Тоа е истиот оној што во кампањата се фали дека ја ослободил Македонија, во која патиштата се проодни, ама не се безбедни. Оној што се фали дека ќе го апси Али Ахмети на 16 септември, а и денеска знае каде може да го најде. И бара мислење од опозицијата дали треба да се апси!? Онаа Македонија во која премиерот отвора нови цркви и пали крстови, откако со неговите коалициони партнери нè однесе во војна во која изгубивме над дваесет стари цркви. Тоа е оној што се моли повторно да победи на изборите, ама на осветувањето на крстот на Водно не заборави да побара спасение од Господ? Онаа Македонија во која и Владата заборави што е тоа закон, во која партиски моќници со сила преземаат фирми, уништуваат претпријатија, грабаат приватен имот, а за без пари го продаваат државниот и го уништуваат стопанството? Онаа Македонија во која терористи влегуваат на голема врата во политиката? Онаа Македонија во која НАТО и ОБСЕ посредуваат во преговори за ослободување на криминалци? Онаа Македонија во која странците ни порачуваат против бандитите да одговориме соодветно и со воздржани мерки, оти нашите терористички напади изгледа не болат толку колку нивните? Онаа Македонија во која разузнавачите на Доста и Борис не соработуваат со разузнавачите на Љубчо и Љубе, ама си се шпионираат меѓу себе? Онаа Македонија во која државниот врв се чувствува толку безбедно што до Охрид не оди преку Тетово и Гостивар, туку врти преку Прилеп и Битола и што кога Љубчо оди на работа или на кино, го обезбедува цел шпалир полицајци на Водњанска, а пајак-службата работи само за него? Онаа Македонија во која бандитите го имаат главниот збор? Секаде. И во планините, и на патиштата, и во кабинетите.

    28 септември
    Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, кога медиумите открија дека како студент пушел марихуана, призна: “Пушев, ама не вдишував!” Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на прашањето на новинарите дали ќе коалицира со Али Ахмети, одговара дека ќе прави коалиција со ДУИ, ама за Али Ахмети и за командантите на ОНА нема место во неговата влада. Значи, Бранко ќе пуши, ама нема да вдишува.

    9 ноември
    Еден директор на училиште во Куманово ѝ забрани на полицијата да интервенира кога ученик извадил пиштол. Децата сакале да видат дали “магнумот” пука посилно од петардата. И полицијата не влегла. Се исплаш ила од директорот! Тој им рекол: “Нашите деца се плашат од полиција!”. Мене во детството ме учеа дека ако се плашиш, треба да викнеш полиција. А сега ги учат дека треба да се плашат од полиција. Што живот ќе имаат тој директор и тие деца на кои иднината ќе им ја определува “магнумот”. Во образовниот систем на Македонија дојде време кога насред час некому ќе му текне да проба што пука повеќе “магнумот”, или бомбата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари