2004 – “АЈДЕ СЕГА ДА РАБОТИМЕ!”

    3 јануари
    Владата се пофали дека лани сме имале 50 милиони евра странски инвестиции. А Бранко вети дека во 2004 ќе имаме најмалку 200 милиони повеќе. Бидејќи оваа година, како престапна, ќе има 366 дена, значи дневно во Македонија ќе се истураат по 683.060,11 евра. Според моите пресметки, до синоќа на полноќ веќе требаше да бидат влезени 1.366.120,22 евра. Поради празниците, влезот на странскиот капитал малку доцни. На граничните премини имале голема навалица. Странски инвеститори трпеливо чекаат да влезат во Македонија и да ги рокнат своите пари. На премините се создаваат тесни грла, па инвеститорите стануваат нервозни. 2004 година дојде уште пред два дена, а тие уште не влегле во Македонија. март Граѓаните на Македонија покаж аа дека ги почитуваат институциите на државата. Ред е сега и институциите на државата да покажат дека ги почитуваат граѓаните. Видовме како брзо и ефикасно успеаја да го организираат погребот на претседателот Трајковски. Ова што се случуваше цела недела ми прилега на домашна ситуација кога апансас ќе ти се најават гости. Тогаш набрзина се потсуредува куќата, а валканото се турка под тепих за да не видат гостите какви сме. Што ли работат службите во деновите кога не им умира претседател на држава? Постојано прашувавме што се случува со сообраќајните знаци во Скопје. За една недела сите се сменети. Постојано прашуваме кога ќе ги поправат расипаните семафори? За една недела не ги поправија. Ги заменија со нови. Сите ние имаме по некој близок што почива на гробиштата Бутел и со години се жалиме на калта во која цапаме, на ѓубрето околу гробовите, на чешмите што не работат… Мораше ли да загине претседател на држава за да не мора и обичните смртници, кога ќе одат да ги посетат гробовите на блиските, со себе достоинствено да си носат метла за да си го исчистат ѓубрето. Настрана што за секое гробно место ни земаат големи пари. Како одеднаш се најдоа пари за проширување на паркингот кај капелата? Од кога граѓаните што живеат во Чаир немаат видено цистерна за миење на улиците? Во чест на претседателите што дојдоа на закопот или во чест на граѓаните што плаќаат данок се најдоа пари за бојосување на оградите на булеварите. Замислете, дури и ѓубрето го собрале! Кого прашаа вака да се однесуваат? Дали ММФ и Светската банка им дадоа дозвола? Или така им рекол Солана, а и НАТО немал ништо против!? Требаше да умре претседател за да се види дека и нас за нешто не бидува. Покажаа дека знаат да организираме добар закоп. Белки сега ќе ни покажат дека знаат да ни организираат и добар живот. Доста закопувате, ајде сега нешто и да заживеете.

    1 мај
    Три пати избираме претседател на држава и три пати не можеме да направиме нормални избори. Зошто? Затоа што мора да излезат 50 отсто плус 1 од избирач ите, затоа што имаме над 330 илјади Албанци и 200 илјади иселеници. Тоа значи дека 75-те отсто Македонци треба да излезат масовно за да го надминат прагот. Е па дозволете и Македонците некогаш да изберат да не гласаат, без да им е страв дека некој, во име на Албанците, ќе ги полни кутиите. И што добивме? 548 илјади го избраа Бранко за претседател. 326 илјади што гласале за Кедев не го признаваат Бранко за претседател, а останатата ситна боранија од скоро половина држава е на црна листа. Ние навистина одиме по курсот на Борис. Прво Бранко, како него, ги шеташе пазарите. Потоа албанските коалициони партнери ги полнеа кутиите. И на крај опозицијата го прогласи Бранко за таканаречен и самонареч ен претседател. Граѓанинот Борис од 1999 година, во 2004 година стана граѓанинот Бранко. Бранко кога стана претседател ни рече: “Ајде сега да работиме!”. Трет пат за овие 13 години тој нî убедува дека се поправил и трет пат нî вика да работиме. Трета среќа.

    5 јуни
    Немам докази, ама и јас знам, а и Хари знае дека овие од СДСМ ќе најдат начин да го сменат. Ако не чини како премиер, ќе го сменат затоа што не чини. Ако е добар, ќе го сменат оти нема да има место за нив. Особено што Бранко се потруди да му остави многу добра екипа за работа.

    12 јуни
    Многу брзо пристигнаа сметките за изборот на Бранко Црвенковски. Рокот за наплата на фактурата за претседателските избори истече. Поминаа 30 дена и Али Ахмети почна да си го бара своето. По истекот на рокот се пресметува камата. Ако Струга и Кичево ги гледаме како реална камата на фактурата што Али му ја испрати на СДСМ, тогаш ова со двојазич но Скопје веќе е затезна камата. Премиерот Хари е банкар. Тој знае што значи реална и што значи затезна камата. Тој може сега да вика колку што сака дека не ги признава старите долгови, ама во банкарството е јасно. Долгот си е долг и мора да се наплати. Никој не знае што ставил Бранко под хипотека. Па ако Али не успее да си наплати по редовен пат, следува присилна наплата.

    26 јуни
    До кога Али Ахмети ќе ни се заканува, а ние треба да му се плашиме? Сега пушта порака да не се доведувало во опасност сî што до сега било постигнато. А Македонците треба да бидат среќни што живеат во мир. И? Опасноста е ако Арачиново не влезе во Скопје за да биде двојазично!? Само Македонците ли се среќни ако живеат во мир? Албанците се несреќни ако не се во војна!? Тоа ли сака Ахмети да ни го каже? Ако тоа сака да го каже, тогаш зошто молчат неговите коалициони партнери од СДСМ. Наместо да ни пуштаат пораки дека ако не се завршело ова со децентрализацијата, ќе се забавел нашиот пат кон ЕУ и кон НАТО, нека си го прашаат Ахмети: Само Македонците ли сакаат да влезат во ЕУ?

    17 јули
    На патот кон Обединетите нации, Киро го загуби името. На патот кон ЕУ, Бранко ја загуби државата.

    24 јули
    Хари заглави. Ние мислевме ќе дојде економски експерт, уште и непартиски, и ќе се фати за работа да нî извади од калта, а тој почна со извинувања и со самокритика за договорите на Бранко. Па уште вели дека ако успее референдумот, тој ќе си ја преземел одговорноста. Што имаме ние од ветувањата на Хари дека ќе си ја преземе одговорноста? Државата е блокирана. Источ ниот дел е отцепен, западниот дел е отпишан. Возовите стојат со денови. Странски инвестиции нема. Невработени сî по веќе. Социјалци сî повеќе. Судиите судат во интерес на тие што ќе платат. Катастарот ни краде земјиште. Корумпираното здравство ни ги убива децата. Локалните насилници нî малтретираат. Министерот за одбрана го спасува специјална полиција од сопствениот народ. Државата функционира само кога тепа полицијата. Секој гледа како да избега од земјата. Дури и добро ситуираните си заминуваат. И уште ќе излезат Рада и Бучко и ќе ти кажат дека тие како политичари мораат да гледаат и подалеку од нас обичните смртници. А Али Ахмети ќе нî искара дека самите сме си виновни што го сопираме процесот за евроинтеграција. Добро, толку ли го потценија македонскиот народ? Денес е 24 јули. Среде лето сме. Жителите на Европската унија кон која ние, нели, природно припаѓаме, денеска летаат од едниот до другиот крај на континентот, не поминуваат граници, не носат пасоши, лежат по плажите, пијат коктели, се опиваат до сабајле… Ние стоиме на барикадите, полициските хеликоптери летаат над нас, се редиме во редовите за виза и за потпис за референдум и се плашиме да не го налутиме Али Ахмети. Животот е убав…

    28 август
    Локалното албанско население го блокира патот кон разурнатиот мотел “Бриони” во Челопек. Тие не дозволија поставување спомен-обележје за двајцата соседи Македонци, дигнати во воздух заедно со мотелот оти не сакале да чувствуваат колективна вина. Да не сте чуле некогаш некој од нив да го осуди терористичкиот акт. Поминаа три години, не се сеќавам. Горам од желба да го слушнам официјалниот став на СДСМ за унитарна Македонија и за националистичката опозиција што не ни дава да мрднеме на патот кон ЕУ. Каде е Али Ахмети? Можеби од седиштето на партијата во Мала Речица и тој има нешто да ни порача. На пример, дека Македонците од Струга и од Кичево не треба да се плашат од новата територијална поделба. Таму локалната власт ќе функционира на примерот на Челопек. Каде е Радмила Шеќеринска? Можеби и таа сака да ни каже дека случајот со блокадата на патот кон местото во кое пред три години беа дигнати во воздух двајца Македонци е многу важен за евроинтеграциите, ако не и клучен. Нека каже, оти ние сме обичен народ, не знаеме. Тие како политичари мораат да гледаат малку понапред од народот. Каде е Солана да испрати писмо со поддршка? Би испратил, ама не знае до кого. Каде се НАТО, ОБСЕ, САД и ЕУ заеднички да го осудат она што се случува во Челопек? Кога нî убедуваше дека новата територијална поделба на општините е за доброто на државата, Бранко ни порача да погледнеме подалеку од Струга и Кичево. Македонска Македонија да сме ја направеле европска Македонија. А ние слепци. Гледај, гледај, погледот не оди подалеку ни од Челопек.

    11 септември
    Прво Али Ахмети ни се закани дека пак ќе ни направи војна. Потоа Бучко се исплаши од заканата на коалициониот партнер. После Бранко ни рече дека нема да можеме да влеземе во ЕУ. Па Рада нî искара дека сме биле против Рамковниот договор. Па Никола Поповски нî предупреди дека ќе сме потрошеле многу пари, од оние што тој и онака не знае да ги потроши. Па за да не остане покусо од другарката Рада, и другата комсомолка од Рамковниот договор, другарката Теута ни откри дека референд умот бил “добра шанса Македонците да се изјаснат дали се за интеграцијата во евроатлантските структури, или се за дезинтеграција на државата”. Сега Македонците се тие што сакаат војна, а Ахмети и Теута миротворци кои биле за Европа. Тоа го вели ДУИ, а СДСМ ѝ помага со глупавата теза за еднонационален референдум. И до каде стигнавме? Хавиер Солана немало да ни се меша во референдумот, но се надевал дека оние што се против децентрализацијата нема да успеат да го убедат населението во своите аргументи. Кој му рекол на Солана дека потписниците на иницијативата за референдум се против децентрализацијата? Добриот СДСМ, наспроти лошиот народ што го донесе на власт пред две години? Или проверените миротворци од ДУИ? Пред три години некои луѓе во Македонија убиваа со пушки и киднапираа цивили на кои уште не им е најдена трагата. Тие луѓе добија награда да станат парламентарци и министри. Солана е Шпанец. Веројатно знае колку членови на ЕТА има во Парламентот на Шпанија.

    6 ноември
    Кај нас и да одиш во клозет прво ќе се прашаш, да не случајно овој потег го одолговлечи патот кон ЕУ. Затоа и не е за чудење што што луѓето на ТВ анкетите по признавањето од Америка со уставното име, се радуваа и одговараа: “Убаво, тоа значи дека ќе влеземе во ЕУ”. Нормално, кога со месеци наназад не плашат дека ќе го блокираме патот кон ЕУ и секој ден ни држат прес конференции на кои ни соопштуваат колку проценти од прашалниците се одговорени. Башка , цела Македонија е излепена со плакати на Сорос “Европа сега или никогаш” и со некакви мозаици со Европа во која само уште Македонија не е на место. Со принципиелните македонски интелектуалци Батлер утре може да побара да ја изгради амбасадата и среде Камениот мост. Не само да ја изгради, туку и мостарина да ни наплаќа. Што нема да биде лошо. Ќе ја обнови стражарската кула. Башка, подобро на Батлер да му плаќаме мостарина, отколку на Али Ахмети царина. Во времето на Рамковниот договор има акција што се вика “Имаш село, врати затвореник”. Претседателот Црвенковски помилува двајца затвореници, осудени за недозволено носење оружје. Затворениците се од бандата на командант Баци. Кондово си ги доби затворениците. Бранко ќе го добие Кондово кога Македонија ќе влезе во ЕУ. И Ахмети ни порача да останеме на патот за ЕУ. Тој пат води преку Кондово. А на влезот во Кондово има рампи, поставени од криминални банди. Тие, за разлика од Ахмети, се само криминалци, а не и борци за човекови права. Не го чув ни Ахмети, а ни врвните албански интелектуалци да дигнат глас против тоа што жителите на Кондово се малтретирани од криминалци. А нас нî тераат да го држиме курсот кон ЕУ. Сами ли ќе одиме во ЕУ, или можеби и тие сакаат да се придружат?

    20 ноември
    Бранко рече дека да бил на местото на Хари, причините за кои поднел оставка за него ќе биле дополнителен мотив за работа. “Проблемите требало да се решаваат, а не да се одлагаат”, му порача пријателот Бранко на пријателот Хари од сончевиот Поградец во Албанија. Бранко знае како проблемите се решаваат, а не се одлагаат. Од 13 години независност, Бранко речиси 8 години беше премиер. И проблемите ги решаваше, не ги одлагаше. Како, на пример, приватизацијата, октоподот со ТАТ, денационализацијата, малоречанскиотр универзитет, немирите во Гостивар… Туку, да не се враќаме толку далеку. Еве, да одиме до 4 февруари годинава, кога како премиер Бранко на владина седница изјави дека “Министерството за транспорт е дувло на криминалот”. Два месеца подоцна Бранко го реши проблемот. Стана Претседател. Буџаку сî уште е министер во истото министерство, и тоа многу посилен отколку тогаш, а некојси Таџедин што беше службеник замешан во корупциската афера со меѓународните транспортни дозволи е унапреден. Проблемот е решен неодлож но. Бранко му забележа на пријателот дека избрал погрешен момент за оставката. Да. Моментот е навистина погрешен. Оставката доаѓа една недела по референдумот. Најдобро ќе беше Хари оставката да ја дадеше порано. Една недела пред референдумот. Ќе му дозволеше ли Бранко тогаш да биде погоден момент?

    18 декември
    Македонија покажа дека е толерантна земја. Особено кон криминалци со машинки во рацете. Има криминалци во едно село кое од неодамна се смета за дел од Скопје, ама државата нема ништо со тоа. Криминалците биле Албанци, па тоа било албанска работа. И бидејќи за Албанците самото споменување на зборовите полиција, суд или, не дај боже, затвор, е репресија од најтежок вид, институциите на државата ги оставија нивните партии да си го решаваат проблемот. Што има Македонија како држава со Кондово? Бидејќи во оваа земја институциите на државата не се мешаат во својата работа, албанските партии се зафатија да го решат проблемот. Ги замолија бандидите да си одат. Ќе се повлеч еле само со лесното оружје. Што? Зар топовите ќе ги остават? Им дадоа ли автобус како летото 2001 година на терористите во Арачиново? Ги испратија ли со меѓународни посматрач и? И дали имаше греење во автобусот, како тогаш што имаше клима-уред за ладење оти беше жешко лето. Белки не ги пуштија онакви постконфликтно трауматизирани, да одат пеш по планините среде зима. Сиромашките криминалци немаат каде да одат. На Косово ги бараат Американците за да ги уапсат, во јужна Србија не би се вратиле ни во лудило, Албанија ќе мора да ги апси оти така ќе им каже меѓународната заедница и ќе мораат да останат тука. Македонија стана депонија за регионалниот шљам. Нам ни било судено да им најдеме политичко решение. Се разбира, во рамките на Охридскиот договор. Нема да помине долго време кога овие заведени момчиња, кои го држеа главниот град на нишан, ќе се појават во некое друго место. Кај и да е, ќе дојде време за нова криза, ќе се јават од некое друго село со машинките на готовс за “легитимните политички барања” и за “бавното спроведување на Рамковниот договор”. Зар треба да се работи нешто во оваа држава? Зар имаме нешто попаметно да сработиме отколку вечно да се занимаваме со вечно намачените Албанци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари