ОРАВ: ОСТАНА ОТВОРЕНО САМО ЕДНО ПРАШАЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОРАВ: ОСТАНА ОТВОРЕНО САМО ЕДНО ПРАШАЊЕ

    Претставниците на четирите партии не постигнаа договор и по цел ден преговарање за предлозите за излез од политичката криза. Средбата заврши околу 01:30 часот.

    „За многу прашања е постигната согласност, но остана само отворено едно прашање за кое не се најде решение. За жал, страните во преговорите вечерва не беа во можност  да постигнат договор вечерва. И се надевам дека ќе продолжиме што е можно побргу“, рече евроамбасадорот во Македонија Аиво Орав, после завршување на средбата.

    Орав не одговори околу кое прашање партиите не постигнале согласност, а и не кажа за кои прашања се договориле партиите потписници на договорот од Пржино.

    Претставниците на политичките партии на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, Радмила Шеќеринска, Никола Тодоров, Артан Груби и Имер Алиу, по маратонската средба заминаа од резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав без да дадат изјави за медиумите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари